Информативен настан: Права и обврски кои произлегуваат од Законот за даночна и царинска политика.
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, ќе се организира информативен настан на тема: ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЧНА И ЦАРИНСКА ПОЛИТИКА.
Информативниот настан ќе биде спроведен од страна на Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) и ЕПИ Центар Интернационал, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“.
Целта на овој информативен настан е информирање на претпријатијата во Република Македонија за полесно спроведување на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог. Наменето е за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со тешкотии во имплементирањето на самите закони.
Информативниот настан на тема: Права и обврски кои произлегуваат од Законот за даночна и царинска политика, што ќе се одржи на 20 април 2017 година (четврток), со почеток во 11:30 часот, во Хотелот „Тиверопол“ – Струмица.
Од областа на даноците предавач ќе биде Славко Лазовски, кој целиот работен стаж го поминал работејќи на полето на даноците, започнувајќи како општински даночен инспектор, па републички инспектор, началник на Републичкиот финансиски инспекторат до советник на неколкумина министри за финансии. По пензионирањето, како раководител на Одделението за ДДВ во Министерството за финансии, активно работи во Центарот за даночна политика (еден од основачите) и во Здружението на финансиските работници од локалната самоуправа, каде им стои на располагање на општинските даночни администрации за консултации. Потесни специјалности: ДДВ, даночна постапка и локални даноци.
Предавач на информативниот настан од областа на царинската регулатива ќе биде Ленка Петковска, која работи во областа на царинската законската регулатива од 1990 година, и како правник вработена во Министерството за финансии на Република Македонија, учествувала во изработката и донесувањето на сите акти во областа на законите за царина, правилници и подзаконски акти, почнувајќи од изработка, носење и имплементација на првиот Закон за царина во 1993 година и во изработка и носење на сите следни законски акти. Како претставник на Министерството за финансии, учествува во комисии и меѓуминистерски работни групи во текот на изработка на важечкиот царински закон, Законот за царинска тарифа и други прописи од областа на царинската регулатива.
Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 24 март 2017 година (петок), со регистрирање директно на следниот линк Ctrl+Click: https://docs.google.com/forms/d/1tnIvJz4_1dhAYnt3OMFR73MWaFgbh42JqYRIsvlm-3U/viewform?ts=58cbff3b&edit_requested=true