Ингеренциите на специјалниот јавен обвинител на дневен ред пред работната група | Правдико

Правдико

   

Ингеренциите на специјалниот јавен обвинител на дневен ред пред работната група

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претставници на четирите политички партии, потписнички на договорот од Пржино за излез од политичката криза во Македонија, денеска според најавите, би требало да разговараат за законските измени и точните ингеренции на специјалниот јавен обвинител.

obvinitelstvo

 

Тој треба да биде избран на 15 септември и да работи на расчистување на сомнежите кои произлегоа од прислушуваните разговори кои ги обелодени лидерот на опозицијата, Зоран Заев и случајот „Пуч“.

Според очекувањата, тој, освен што ќе бара вештачење на снимките за да се види кој прислушувал, треба да заклучи со каква опрема, преку кој мобилен оператор и кој го финансирал следењето на комуникациите, а потоа да лоцира кривична одговорност за наредбодавците и извршителите.

Според договорот, специјалниот јавен обвинител ќе има целосна автономија во својата работа.

Досега со работните групи, кои беа фокусирани на Избирачкиот список и гласањето на дијаспората, работеше медијаторот од Европската комисија, Питер Ванхауте.

На денешните разговори пак, како посредник треба да учествува Џејмс Хамилтон, кој има доста богато CV во сферата на правото, а работел во речиси сите земји на Балканот, и пошироко.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико