Правдико

   

Инспектор барал поткуп од земјоделско претпријатие за да не состави записник со нерегуларности

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Отсекот за економски крминал при полицијата во Радовиш поднесе кривична пријава против 38-годишник од Струмица, вработен во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, кој се товари за сторено кривично дело примање поткуп.

Според информациите од МВР, во декември 2019 година осомничениот извршил контрола над земјоделски површини, во сопственост на правен субјект од радовишкото село Бучим, за што изготвил записник без констатирани забелешки, а врз основа на тој записник на правниот субјект му биле исплатени субвенции.

Во април 2020 година пријавениот остварил контакт со управителот на правниот субјект и побарал од него да му исплати 600 евра како награда за претходно изготвениот записник без неправилности, а ако не го стори тоа, се заканил дека ќе изготви нов записник со констатирани неправилности поради што субјектот ќе мора да ги враќа исплатените средства и ќе нема право да аплицира за доделување субвенции за следната година.

На 29 април годинава на локален пат од село Бучим кон Радовиш од страна на полицски службеници е запрен автомобил „мерцедес“, управуван од службеникот, при што во возилото биле пронајдени обележани банкноти во вкупен износ од 36.000 денари, кои претходно осомничениот ги примил од управителот на правниот субјект од село Бучим.

Струмичанецот е уапсен и по поднесена кривична пријава, предаден е на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, од каде што е изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико