Инспекторат за локална самоуправа толкува: Градоначалниците извршуваат техничка функција | Правдико

Правдико

   

Инспекторат за локална самоуправа толкува: Градоначалниците извршуваат техничка функција

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Државниот инспекторат за локална самоуправа смета дека изнесените толкувања околу мандатите на градоначалниците се произволни и несериозни со цел да се манипулира со јавноста.

Инспекторатот, како што соопштува, не бил консултуран ниту, пак, учествувал на јавните дебати организирани од ЗЕЛС каде се носеле произволни заклучоци, без законска основа и од партиски интереси.

„Согласно член 35 став 1 од Законот за локална самоуправа, мандатот на советниците е четири години и со оглед на тоа што последните локални избори се одржаа на 24 март 2013, нивниот мандат истече на 24 март 2017 и сите одлуки кои советниците ги донеле по овој датум од страна на инспекторатот се поништени и ставени надвор од сила.

Во соопштението објавено од инспекторатот се наведува дека мандатот на градоначалниците е регулиран со член 49 и 52 од законот за Локална самоуправа каде што стои дека мандатот трае до завршување на тековната година, што значи до 31.12.2017 година, па со оглед на изминатиот мандат на советниците, градоначалниците извршуваат техничка функција и општините не смеат да прекинат да функционираат.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико