Правдико

   

Инспектори ја прекинаа градбата кај МНР

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Овластен градежен инспектор на општина Центар денеска излезе на терен за да утврди што се случува и кои се причините за големото количество вода кое се излева во ископ на градба која се наоѓа во близина на МНР.

08092016203116_web_cevki_mnr_1

Се работи за изградба на деловен објект, чиј инвеститор е „Волис Проперт“, изведувач “Рапид Билд“, а надзор „Поинт Дизајн“.

„Инспекторот констатирал дека фекалиите од пукнатата канализациониона цевка ги презема ЈП “Водовод и канализација”, а водите од пукнатата цевка од атмосферска канализација одат во ископот на објектот. “Водовод” ја превзема водата, ја носи во други шахти .

Овластениот градежен инспектор на општина Центар донесе решение за прекин на градба, а инвеститорот да се пренасочи на работа на обезбедување на земјиштето и на соседните објекти.

Се испитува дали инвеститорот има изготвен елаборат за заштита на градежната јама. Овластениот градежен инспектор на општина Центар констатираше дека на местото нема табла со назнака за видот на градба и кој е инвеститор и изведувач. Од лицата од фирмата било објаснето дека табла имало, но и таа отишла со ископот“, информира општината Центар.

Пукнатата главна цевка на канализационата мрежа го блокираше главниот град. Денеска беше забранет е пристапот кај улицата кај новата зграда на Факултетот за драмски уметности наспроти Министерството за надворешни работи.

Поради огромното количество вода во ископот има потопен багер, а се забележува и големо свлечиште кое може да предизвика и уривање на зградата на ФДУ која нема потпорен ѕид.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико