Инспектори утврдија неправилности во работењето на Агенцијата за посредување при вработување „Венера“ | Правдико

Правдико

   

Инспектори утврдија неправилности во работењето на Агенцијата за посредување при вработување „Венера“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По објавените информации дека група студенти биле измамени од страна на Агенцијата за посредување при вработување во земјата и во странство со наплата „Венера“,  Битола, инспектори од Државниот инспекторат за труд од вчера се на терен и го истражуваат случајот.

Од Министерството за труд и социјална политика, според досегашните сознанија веќе се евидентирани одредени прекршоци, а јавноста во понеделник ќе биде известена за сите детали откако ќе биде комплетиран извештајот од инспекцискиот надзор.

Инаку, претходно биле извршени неколку вонредни инспекциски надзори во работата на Агенцијата при што биле утврдени неправилности во работењето, но како што соопшти МТСП, претходните министри не постапиле согласно со наодите од утврдената фактичка состојба.

Последната инспекција била извршена на 5 јули,  при што бил евидентиран прекршок и била изречена глоба.

Пред два дена студенти кои тврдат дека се измамени за работа во Германија протестираа пред просториите на Агенцијата.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико