Инспекторите затворија ресторан во Тетово поради свадба
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Пазарните инспектори затворија ресторан во Тетово бидејќи вчера таму се одржала свадба што ја организирал угостителот.
Ресторанот има забрана за работа од инспекторите, кои со лента го запечатија влезот, сè до донесувањето протоколи за организирање свадби. Инспекторите составиле и записник за постапувањето спротивно на здравствените протоколи во време на пандемија по што ќе биде поднесена и соодветна пријава.
Ова е трет објект во неколку дена што инспекторите го затвораат поради организација на масовни собири во време на пандемија.
Претходно, Инспекторатот донесе решение и го запечати струмичкиот клуб „Аватар“ за кого поднесе и кривична пријава поради забавата што беше организирана, иако и натаму е активна забавата за работа на ноќни клубови.
Ден потоа затворен беше и базенот во Виница, каде што со гласна музика исто така се организира забава во денови кога во Македонија имаше рекорден број заразени на дневно ниво.
Пазарниот инспекторат веќе најави дека во периодот што следува, па сè до донесување на протоколите за работа, сите ноќни клубови, но и објекти каде што се одржуваат забави, ќе бидат веднаш затворани и гонети пред надлежните органи.
Извор: Макфакс