Инспекции упаднале на пет клиники – хигиената на Гинекологија и Трауматологија не е на задоволително ниво | Правдико

Правдико

   

Инспекции упаднале на пет клиники – хигиената на Гинекологија и Трауматологија не е на задоволително ниво

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Хигиената на Гинекологија и Траумотологија не е на задоволитетлно ниво, утврдиле синоќешните инспекции.

Како што информираат од Министерството за здравство, синоќа, во вечерните часови, по насока од министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршија ненајавен инспекциски надзор во пет јавни здравствени установи. Целта на надзорот извршен во доцните вечерни часови бил да се увиди дали во континуитет се одржува хигиената и се почитуваат сите соодветни процедури за одржување на условите за пациентите на највисоко ниво.

Инаку, со надзорот биле опфатени Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Ургентен центар, Трауматологија, Ортопедија и Институт за белодробни заболувања и туберкулоза.

„При надзорот на Клиниката за гинекологија е констатирано дека општата санитарно-хигиенска состојба не е на задоволително ниво, а медицинскиот отпад не се селектира прописно.

Во Ургентниот центар, на Ортопедија и во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, општата хигиенско-санитарна состојба е релативно добра, за разлика од Трауматологија каде општата хигиенско-санитарна состојба не е на задоволително ниво“- велат од Министерството за здравство.

Министерството за здравство во моментов презема мерки за отстранување на констатираните недостатоци.

Г. Ризвановиќ

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико