Институциите на ЕУ постигнаа консензус за новиот пакет на ЕУ за заштита на податоците | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Институциите на ЕУ постигнаа консензус за новиот пакет на ЕУ за заштита на податоците

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Yellow folder and lock. Data security concept. 3D

Минатиот петок, комисијата LIBE, COREPER и Европската Комисија постигнаа договор за реформите во делот на заштита на податоците. Воедно, ова е и еден од последните чекори кон конечно усвојување овие текстови.

Од почетокот на дискусиите поврзани со пакетот на реформи, работната група 29 (WP29) придонесе да се обезбеди унифицирано и високо ниво на заштита на податоците во ЕУ и во двата инструменти преку објавување на голем број на мислења и документи кои се однесуваат на трите преговарачки институции.

Работната група 29 ја поздрави оваа одлука како клучна за Европскиот кредибилитет и веќе отпочна да работи со цел да обезбеди непречен и конструктивен преоден период за сите заинтересирани страни, особено уште од првиот ден да отпочне со дејствување Европскиот Одбор за Заштита на податоци.

Работната група 29 за заштита на поединци во врска со обработката на личните податоци е независно советодавно тело за заштита на податоци и приватност, поставено под членот 29 од Директивата за заштита на податоци 95/46/ЕК. Таа е составена од претставници на националните органи на земјите – членки на ЕУ, Европскиот супервизор за заштита на личните податоци и Европската Комисија. Нејзините задачи се образложени во членот 30 од Директивата 95/46 ЕК и членот 15 од Директивата 2002/58/ЕК. Работната група 29 е надлежан да ги разгледува сите прашања кои што ја покриваат апликацијата на директивите за заштита на личните податоци, со цел да се придонесе за еднобразна примена на директивите. Работната група ја извршува оваа задача преку издавање на препораки, мислења и документи.

Извор: ДЗЛП

Препорачуваме

Партнери на Правдико