Институциите со двосменското работење и флексибилно работно време | Правдико

Правдико

   

Институциите со двосменското работење и флексибилно работно време

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во повеќе институции од денеска се воведува двосменско работење.

Царинската управа, Управата за водење на матични книги, МВР, подрачните отсеци во Секторот за управно-надзорни работи, Одделот за граѓански работи, Министерството за одбрана – одделенијата за одбрана на регион со градовите и општините во состав се институциите, први ќе почнат да работат во две смени.

Работното време во овие институции ќе биде од 7:00 до 14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот, а ќе се работи и првата сабота од месецот, но само во една смена од 8:00 до 16:00 часот.

Втора смена се воведува и во градинките, кои ќе згрижуваат деца до 21 часот и 30 минути. Работна ќе биде и секоја прва сабота од 8 до 16 часот. Единствена опшштина која најави дека нема да ја почитува оваа владина одлука е скопската општина Карпош.

Од денеска почнува примената и на одлуката за флексибилно работно време во Владата, министерствата и органите на државната управа.

Министерството за информатичко општество и администрација вчера соопшти дека, секој вработен во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа има право да пристигне на работното место помеѓу 7:30 и 8:30 часот и да замине од работното место во периодот помеѓу 15:30 и 16:30 часот, така што има обврска за исполнување на 8 часа дневно работно време.

Секоја институција треба да обезбеди систем за евиденција на работното време, за контрола при влез и излез на вработените.

Од денеска промени има и во работата во Агенцијата за катастар на недвижности. Освен што се намалуваат цените на услугите за 50 отсто, од денеска се укинува плаќањето за повторно поднесување пријава во Агенцијата, односно граѓаните кои се одбиени по било кој основ од денеска нема повеќе да плаќаат надомест за повторно поднесување на пријава.

Извор: Новатв

Препорачуваме

Партнери на Правдико