Институционален одговор и организациски политики во однос на насилство на работно место | Правдико

Правдико

   

Институционален одговор и организациски политики во однос на насилство на работно место

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_9Истражувањето „Институционален одговор и организациски политики во однос на насилството на работното место“ претставува продлабочување на првите истражувачки сознанија за појавите на психичко и сексуално вознемирување на работното место втемелени во истражувањето со наслов „Насилство врз жени на работно место“1 . Имајќи ги предвид податоците од споменатото теренско истражување за застапеноста2 на психичкото и сексуалното вознемирување, сметавме дека е исклучително важно да се преземат истражувачки активности во однос на утврдување на институционалната поставеност, формалниот мандат и надлежностите на сите релевантни институции во однос на превенирање и заштита на работниците во случаи на психичко и сексуално вознемирување на работно место, но и уште поважно, нивното фактичко постапување и координација со цел ефикасна заштита на жртвите на вознемирување.

Сознанијата и резултатите од спроведеното истражување ќе го овозможат пополнувањето на досегашниот вакуум и отсуство на јасна политика и пракса на анализа на овие појави, како и отсуство на анализа на постапувањето на одделните институции, кои, според законските прописи, имаат мандат да постапуваат во случаи на психичко и сексуално вознемирување. Имено, иако постои генерално утврден законски мандат на постапување на овие институции, сепак не е јасна и прецизна постапката, потоа механизмите за заштита, како и надлежностите на секој формален актер од системот за заштита. Оттука произлегува и не можноста на работникот – жртва на насилство на работното место да обезбеди соодветна и ефикасна заштита.

Целото издание можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико