Институционална заштита на граѓаните при полициско постапување | Правдико

Правдико

   

Институционална заштита на граѓаните при полициско постапување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

 

Во случај на повреди при полициско постапување, институционална заштита на граѓаните им се дава од страна на Народниот правобранител, Јавното обвинителство, Постојаната анкетна комисија за слободите и правата на граѓанинот и судовите на РМ.

1195437989469106298liftarn_Police_brutality.svg.hi

Доколку пак кршењата на човековите права се идентификувани како кривични дела, во тој случај надлежност има Јавното обвинителство и судот.

Доколку кривичните дела се сторени од полициски службеници, во тој случај треба и поголема ефикасност од јавното обвинителство и судот бидејќи може да постојат основани претпоставки за селективна примена на правдата од страна на внатрешната контрола во полицијата.

Народниот правобранител е институција која ги заштитува човековите слободи и права доколку тие се повредени од страна на некој државен орган. Во рамките на своите овластувања тој има право да изврши посета, без претходна најава и одобрение, на местата каде што има лица кои се приведени, притворени или издржуваат казна затвор.

Граѓаните кои сметаат дека им се повредени правата можат да поднесат претставка до Народниот правобранител. Доколку се утврди повреда, НП може да покрене иницијатива за поведување дисциплинска  постапка против службено лице,како и да поднесе барање до надлежниот јавен обвинител за покренување постапка заради утврдување казнена одговорност.

Јавното обвинителство е единствениот и самостоен државен орган чијашто примарна задача е да ги гони сторителите на казнени дела. Во согласност со членот 42 ставот 1 точка 1 од ЗКП, основна должност на ЈО е да ги гони сторителите на кривични дела и истиот е овластен тужител за делата за кои се гони по службена должност или по предлог на оштетениот. Во Кривичниот законик се наведени кривичните дела за кои се гони по службена должност или, поточно, се постапува по оние кривични дела за кои во истите не е пропишано дека гонењето се презема по приватна тужба.

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот е постојано работно тело при Собранието на Република  Македонија со две основни функции во смисла на непосредна заштита на човековите права: прво, да разгледува прашања од сферата на заштитата на човековите права; и второ, доколку се утврди повреда, може да се поведе постапка за утврдување на одговорноста на носителите на јавните функции. Оваа комисија не може да врши истражни ниту пак судски функции, а политичкиот карактер ја ограничува да претставува независно тело што ќе обезбеди ефикасна заштита на потенцијалните жртви на полициска злоупотреба.

Извор: ЕФИКАСНОСТ ВО ЗАШТИТАТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ПРИ  ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИТЕ ОВЛАСТУВАЊА

Поврзани статии:

– Вашите права при сослушување додека сте лишен од слобода

– Во кои случаи може да се употребат средства за присила од полициски службеник

– Како се одвива постапката на испитување на обвинет

Испитување на осомничениот/обвинетиот според новиот ЗКП

Препорачуваме

Партнери на Правдико