Правдико

   

Интересни факти за Парламентот во Будимпешта

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Унгарскиот парламент е седиште на Народното собрание на Република Унгарија. Тој се наоѓа во Будимпешта. Иако помалку позната, деталите поврзани со оваа зграда се неверојатни.

F3B34FE7671244ED818C56AA6CE484EB

1. Изградбата на зградата на парламентот била завршена како дел од осамостојувањето на Унгарија од Австрија. Унгарците одржале натпревар за дизајнот на зградата која ќе претставува споменик на нивната независност.

2. Главен архитект на ова прекрасно здание е  Имре Стеиндел, кој учествувал на изборот за најдобар дизајн на парламентот во 1880 година во конкуренција на 19 учесници.

3. Светата круна во Унгарија се чува во оваа зграда сега, но низ историјата таа била повеќепати крадена. Круната била под заштита на САД до 1978 година, кога тогашниот претседател, Џими Картер, ја вратил.

4. Во изградбата на парламентот учествувале повеќе од 1000 работници на кои им требало повеќе од две децении да ја изградат оваа оваа фамозна градба

5. Целата градба е симетрична, во својата структура опфатени се две големи сали со посебна соба за долниот дома како и посебна соба за горниот дом.

6. Парламентот се простира на 18.000 метри квадратни, 268 метри долг , 123 метри широк, за кој се уптребени 40 милиони тули како и 40 килограми злато.

7. Од завршувањето на изградбата во 1904 година биле направени повеќе измени на оригиналниот дизајн. Војните и конфликтите, а посебно падот на Комунизмот, играле голема улога во овие промени. На пример, во еден период, за време на владеењето на Комунизмот, на врвот се наоѓала црвена ѕвезда, која била отстранета во 1990 година.

Автор: Драгана Петрушевска

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико