Интересни факти за политичкиот систем на Куба | Правдико

Правдико

   

Интересни факти за политичкиот систем на Куба

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Куба претставува  најголемата островска земја во групата на Големите Антили. Таа од сите страни е опколена со водите на Атлантскиот Океан на исток, Мексиканскиот Залив на север и Карипското Море на југ. Куба има издолжен облик во правец исток-северозапад долг 1200 км со просечна широчина од 110км.

Z0y68wv

Следуваат интересни факти за политичкиот систем во оваа земја:

– сегашниот устав на Куба беше одобрен со референдумот во 1976 година со 95% поддршка.

– претседателските мандати се по 5 години – не постои ограничување за тоа колку пати претседателот може да биде избран. Фидел Кастро беше претседател од 1976 година до 2008 година.

– Членот 94 од Кубанскиот устав гласи: “Во случај на отсуство, болест или смрт на претседателот на Советот на државата, првиот заменик-претседател ги презема претседателските должности”.

– националното законодавство на Куба, Народното собрание на Народна моќ (Asamblea Nacional de Poder), има 609 членови, кои имаат петгодишни мандати. Кандидатите во Собранието се избираат на избори. Сите кубански граѓани над шеснаесет годишна возраст, кои не се прогласени за виновни за кривично дело, можат да гласаат.

– член 131 од Уставот вели дека гласањето ќе биде “преку слободни, еднакви и тајни гласови “. Во член 136 се вели:” Со цел за пратениците или делегатите да бидат избрани, тие мора да добијат повеќе од половина од бројот на гласовите во изборните единици. ”

– Броењето на гласовите се изведува јавно. Според законот, мора да има најмалку 2 кандидати, а максимум 8. Излезеноста  е редовно над 95%.

– Националното собрание го избира Советот на министри (Кабинетот) и Советот на Државата, кои ја сочинуваат извршната власт. ИзбраниотПредседател е и Претседател на овие две тела.

– Политичките партии не се вклучени во изборот на кандидати за изборите или во кампањата за Собранието. Кандидатите не треба да бидат членови на Комунистичката Партија за да се кандидираат. Речиси половина од националниот парламент на Куба не се членови на Комунистичката партија.

– Кандидатите се кандидираат како поединци врз основа на нивните досиеја, а не во многу скапи, партиски кампањи, што значи дека  и обичните луѓе имаат шанса да бидат избрани.

– здруженијата и организациите на граѓани, како што се синдикатите, играат главна улога во номинирање и избор на кандидати преку локални средби на комисијата формирана за таа цел.

– Националното Собрание е највисоко тело на законодавната власт – тело кое е директно избрано од народот. Сите одлуки донесени од страна на Советот на државата и Советот на Министри (кој го води претседателот) се упатени кон Собранието за одобрување – на нивните седници кои се одржуваат два пати годишно.

– денес во парламентот на Куба, од 609 пратеници во Народното собрание: 219 се жени (36%), 8% повеќе во однос на претходната законодавната власт. 33% се црни (4% повеќе отколку во претходниот состав) и 25% се физички работници во производните или услужните дејности.

– сите оние кои се избрани како претставници на општините се бара да се сретнат со својот електорат на јавни средби и сите свои активности да ги претстават пред јавноста транспаретно со отчет за потрошеното. Тие можат да бидат отстранети од страна на нивните избирачи во било кое време во текот на нивниот мандат.

– во последниве години, имало зголемување на бројот на министрите кои биле деца или уште не биле родени во време на револуцијата во 1959 година.

– Просечната возраст на владејачкото тело на комунистичката партија е под 50 години.

Улогата на Комунистичката партија на изборите и политиката

Кога се зборува за човекови права и за политичкиот систем во Куба, најчесто се мисли дека  Комунистичката партија има монопол врз политиката во земјата. Сепак, важно е да се сфати дека:

– Комунистичката партија не е изборна партија и тоа дека не е услов да се биде член на Комунистичката партија на Куба за да се биде избран на било која позиција.

– Партијата не предложува, поддржува, ниту избира кандидати.

– Поради законските ограничувања, партијата не донесува одлука за формирање или состав на Владата.

– Одлуките кои ги донесува КП се обврзувачки само на нејзините членови.

w460Моќта на Кубанскиот Претседател и негови ингеренции

– претставување на државата и владата и спроведување на нивната генерална политика;

– организирање и спроведување на активностите, повици за одржување, и претседавање со седниците на Советот на државата и Советот на министри на Куба;

-контрола и надзор на развојот на активностите на министерствата и другите централни административни агенции;

-преземање на раководството на било кое министерство или централна административна агенција;

– ги предлага членовите на Советот на министри избрани од страна на Националното собрание на Народна моќ;

– прифаќа оставки на членовите на Советот на министри и предлага соодветни заменици;

– примање на ингеренциите на шефовите на странските дипломатски мисии. Оваа одговорност може да ја делегира на било кој заменик-претседателите на Советот на државата;

– врховен командант на сите вооружени институции и ја одредува нивната општа организација

– претседава со Националниот совет за одбрана;

– може да прогласи вонредна состојба во случаи предвидени со Уставот, а неговата одлука се претставува, штом околностите го дозволат, пред Националното собрание на Народна Власт или на Советот на државата, ако Собранието не може да се состане, во согласност со законските прописи;

– потпишување акти со декрет и други резолуции на Советот на држави и на законските одредби усвоени од страна на Советот на министри или Извршниот комитет, и организирање за нивното објавувањето во службенниот весник на Републиката;

– прифаќање и извршување на сите задачи доделени со Уставот или со закон.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико