Интерпол објави потерница по четворица Севернокорејци во врска со убиството на Ким Јонг-нам | Правдико

Правдико

   

Интерпол објави потерница по четворица Севернокорејци во врска со убиството на Ким Јонг-нам

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Интерпол издаде црвена потереница по четворица Севернокорејци во врска со убиството на Ким Јонг-нам, полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, соопшти началникот на малезиската полиција.

Ким Јонг-нам почина на 13 февруари, откако според малезиската полиција, две жени му го намачкале лицето со отровна материја Ве-Икс на меѓународниот аеродром во Куала Лумпур.

Како што јави ТАСС, црвената потерница предвидува да се одреди локацијата и да се уапси лицето по кога таа е издадена, со цел екстрадиција или други активности согласно законот.

Кон крајот на февруари властите во Малезија се обратија до Интерпол со барање да издаде потерници за апсење на четири државјани на Северна Кореја.

Обвиненија за убиството беа покренати против две жени, државјанки на Виетнам и Индонезија. Полицијата смета дека двете осомничени се кријат во севернокорејската Амбасада во Куала Лумпур. Освен тоа други четворица државјани на Северна Кореја ја напуштиле земјата на денот на убиството и веќе се наоѓаат во Пјонгјанг.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико