Интерпол распиша црвена потерница за државјанин на Босна во врска со тероризам | Правдико

Правдико

   

Интерпол распиша црвена потерница за државјанин на Босна во врска со тероризам

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Интерпол распиша црвена потерница за дваесетгодишниот државјанин на Босна и Херцеговина, Алија Кесеровиќ, за врски со тероризам и Исламска држава.

Потерницата за Кесеровиќ е распишана на барање на правосудните органи од БиХ поради кривични дела за организирање терористичка група, како и незаконско придружување кон странски параполициски формации.

Според наводите, Кесеровиќ е дваесеттиот државјанин на БиХ по којшто трага Интерпол за поврзаност со тероризам.

Тој, според податоците на Службата за безбедност, се наоѓа во Сирија од 2014 година.

Кесеровиќ пред две години се појави во пропаганден филм за Исламска држава, во којшто терористичката организација се фали за воените успеси.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико