Правдико

   

Иран за прв пат назначи жена за амбасадор

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ambasadorka-iranaЗа прв пат од Исламската револуција во 1979 година, Иран назначи жена како амбасадор и тоа во Малезија, Техеран, изјави шефот на иранскта дипломатија Мохамед Џавад Зариф.

Марзијех Афхам (50) е дипломат во последните 30 години, а од 2013 година, беше портпаролка на Министерството за надворешни работи на Иран, кога Хасан Рохани беше избран за претседател на државата.

“Изборот на Марзијех Афхам за амбасадор траеше неколку минути, а изборот за нејзин наследник за портпарол неколку месеци”, рече Зариф, додавајќи дека таа е првата жена портпарол на министерството, а сега стана првата жена амбасадор.

Рохани по доаѓањето на власт побара од министрите да назначат повеќе жени на важни позиции, додавајќи дека дискриминацијата на жените нема да се толерира.

Жените во Иран сега може да бидат дури и пратеници и министри, но тие не можат да бидат судии, ниту пак тие имаат право да се кандидираат за претседател на државата.

Партнери на Правдико