Ирците денеска одлучуваат за геј браковите | Правдико

Правдико

   

Ирците денеска одлучуваат за геј браковите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Ирска утрово започна историскиот референдум за истополовите бракови, кој е поддржан од сите главни политички партии, додека Католичката црква е против.

6a00d8341c730253ef01bb07b71ac1970d

На гласачите на референдумот му е поставеното прашање дали сакаат во Уставот да се додаде член кој гласи: “. Брак може да склучат две лица во согласност со закон, без оглед на нивниот пол”

Гласачките места се отворени утрово во 7:00, а ќе бидат затворени во 22 часот. Резултатите ќе бидат објавени утре.

Во Ирска неколку месеци имаше дебата за тоа дали да се дозволи склучување на геј бракови.

Резултатите од анкетите покажуваат дека мнозинството ќе гласаат за измени на уставот, така што во иднина геј браковите ќе бидат дозволени.

Сепак, владини претставници и активист за правата на хомосексуалците изразија претпазливост, бидејќи Ирска е познат по изненадувања на референдумите.

Тие истакнуваат дека излезноста е клучен фактор, од причина што младата популација, обично не гласаат во голем број.

Препорачуваме

Партнери на Правдико