Исчезнато двегодишно девојче откако останало да одмори во село Кленоец | Правдико

Правдико

   

Исчезнато двегодишно девојче откако останало да одмори во село Кленоец

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Двегодишно девојче исчезнало во селото Кленоец откако дедото го оставил покрај патот бидејќи не можело повеќе да оди пеш.

Настанот се случил во четвртокот, кога В.Ј. (32) од село Карбуница пријавил дека во четвртокот, заедно со неговите две внуки на возраст од шест и две години, се движел по локалниот пат од Кленоец кон село Извор. Во близина на јарболот во Кленоец, двегодишното девојче кажало дека не може да оди понатаму и останала покрај патот, а тој со шестгодишната внука се упатил во селото Извор. По еден час, кога се вратил на местото таа не била таму. Се вратил во куќата во с.Кленовец, каде, исто така, ја немало.

Веднаш потоа случајот го пријавил во ПК Извор. Од страна на полициски службеници од НК КР и ПС ОН Кичево било извршено пребарување на теренот, но исчезнатото дете не е пронајдено, а по него се трага и во петок.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико