Исклучени 15 возила кои вршеле подготовки за организирање диви трки на автопатот Тетово-Скопје | Правдико

Правдико

   

Исклучени 15 возила кои вршеле подготовки за организирање диви трки на автопатот Тетово-Скопје

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 20/21.07.2022 на булевар ,,Маршал Тито“ биле исклучени 15 возила со македонски и странски регистарски ознаки согласно член 344 став 2 и 3, кои вршеле подготовки за организирање диви трки на автопатот Тетово-Скопје и обратно. Кон нив се преземени соодветни мерки и изречени им се санкции за прекршоците кои им биле констатирани.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, навремено да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да не организираат трки на автопатот и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Во спротивно, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, ќе им бидат конфискувани нивните возила во рок од 90 дена.

Препорачуваме

Партнери на Правдико