Исклучените ќе плаќаат парно греење иако не го користат, одлучија уставните судии | Правдико

Правдико

   

Исклучените ќе плаќаат парно греење иако не го користат, одлучија уставните судии

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 66 од правилата за снабдување со топлинска енергија донесени од Регулаторната комисија за енергетика, со која беше воведена обврска граѓаните што не користат топлинска енергија да плаќаат паушален надомест. Тоа значи дека обврската за овие граѓани останува.

Приближно 12 илјади домаќинства исклучени од системот за снабдување со топлинска енергоија секој месец плаќаат паушален износ од 500 до 1.200 денари во зависност од површината на станот. Овие граѓани веќе неколку години претестираат пред Регулаторната комисија за енергетика.

Во 2009 година Уставниот суд ја укина одредбата со која на граѓаните им беше наметната обврска да плаќаат 50 отсто од сметката за парно, но сега одлучи да се произнесе како ненадлежен. Исклучените граѓани од системот на БЕГ најавија и тужба пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико