Исклучените од Топлификација нема да плаќаат паушал | Правдико

Правдико

   

Исклучените од Топлификација нема да плаќаат паушал

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Проблемот со исклучените граѓани од „Топлификација“ кои плаќаат паушал ќе биде решен со подзаконски акт и може да се очекува дека од следната грејна сезона тие нема да плаќаат, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

– Мислам дека ќе најдеме решение кое ќе биде на задоволство на сите страни. Може да се очекува од следната грејна сезона, тие да не плаќаат паушал – изјави Анѓушев, одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на денешниот настан што го организира Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Во однос на законот за енергетика што вчера помина на владина седница, вицепремиерот Анѓушев рече дека во него се вградени голем број од забелешките од економските оператори кои работат во делот на енергетиката, како и од Европската енергетска заедница.

– Овој закон беше работен во координација со Европската енергетска заедница. Обврска беше Македонија да го донесе законот во 2014 година и беше критикувана од ЕУ бидејќи тој закон не е донесен. Моравме да ги усогласиме локалните потреби кои се специфични, но воедно да ги имплементираме и директивите и мерките од третиот пакет на Европската унија. Затоа работевме со Европската енергетска заедница – појасни Анѓушев.

Тој е задоволен од предложеното законско решение кое, како што рече, ќе направи прогрес во енергетското работење во Македонија.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико