Исланд би можел да гласа за влез во ЕУ | Правдико

Правдико

   

Исланд би можел да гласа за влез во ЕУ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Идејата за спроведување референдум за влегувањето на Исланд во Европската унија е дел од преговорите за формирање на новата влада на оваа островска држава, откри во понеделникот член на една од вклучените партии.

neitakk

Два месеца по изборите кои се одржаа на 29-ти октомври, се водат разговори меѓу три партии од десницата и од центарот: Партијата на независноста која ја сочинуваат конзервативци и евроскептици, Реформистите и партијата Светла иднина којашто се залага за членство во Европската унија.

Исландските медиуми кон крајот на минатата седмица потврдија дека трите партии во својата програма ќе го вбројат одржувањето на референдумот за ЕУ.

„Мислам дека медиумите овој викенд беа поефикасни од мене во собирањето информации. Не потпишавме валидна програма, расправавме за неа. Постигнавме некаков договор за идеите, вклучувајќи ја и таа“, изјави во понеделникот Отар Пропе, претседател на Светла иднина, пренесува AFP.

Исланд во 2009 година, додека на власт беше партијата од левицата, поднесе барање за членство во ЕУ. Следната влада, на десниот центар во која учествуваше и Партијата на независноста, вети дека ќе организира референдум за прекинување на процесот на придружување, но во 2015 година го прекина процесот без консултации со избирачите.

Повеќето од жителите на Исланд се противат на пристапувањето на ЕУ, сметајќи дека нивната држава којашто веќе е членка на Европскиот економски простор и на Шенген не може ништо да добие од тоа. И покрај тоа, многу Исланѓани сакаат за тоа прашање да се гласа на референдум.

Медиумите тврдат дека партиите се близу постигнување договор за формирање нова влада којашто ќе ја води 46-годишниот конзервативец Бјарни Бенедиктсон.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико