Истанбул: Почна судењето на новинарите осомничени за учество во пучот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во Турција денеска почна судењето на поранешните уредници и новинари во весникот „Заман“, кои се осомничени за учество во обидот за воен удар што се случи на 15 јули минатата година.
Новинарите и уредниците се осомничени за учество во вооружена терористичка организација и за обид за уривање на власта, парламентот и уставниот поредок, како и за поврзаност со поранешниот проповедник Фетула Ѓулен, кој живее во САД.
Сите обвинети негираа вина, а им се заканува доживотен затвор. До почетокот на судењето во притвор беа 22 обвинети од 31, меѓу кои и 73-годишниот колумнист Сахин Алпај.
Полицијата влезе во просториите на „Заман“ во март минатата година, а весникот потоа беше затворен кога властите го прогласија како гласило на движењето на Ѓулен.
Извор: Макфакс