Правдико

   

Истече рокот за кандидатски листи за локалните избори

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Рокот за поднесување на кандидатските листи за Локалните избори 2017 заврши синоќа на полноќ.

Општинските изборни комисии во рок од 48 часа од приемот на листата на кандидати утврдуваат дали таа е поднесена во соодветниот рок и дали е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик.

Потврдените листи на кандидати треба да бидат доставени до Државната изборна комисија по што се утврдува редоследот во единствената листа на кандидати. Според Роковникот за изборни дејствија, жрепката треба да се одржи на 18 септември. Шестите локални избори се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје. Изборната кампања ќе почне на 25 септември на полноќ и ќе заврши на 13 октомври.

Извор:Радио слободна Европа

Партнери на Правдико