Истекува рокот за годишна обнова на документацијата за корисниците на правата од социјална и детска заштита
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Рокот за годишна обнова документацијата за корисниците на правата од социјална и детска заштита истекува утре, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
„Денеска, сакам повторно да упатам апел и да ги потсетам сите корисници на права од социјална заштита дека годишната обнова завршува за неколку дена, поточно во петок на 27-ми. Токму затоа, ги повикувам корисниците доколку до овој момент не го направиле тоа, истото да го направат во наредниве четири дена и да се упатат во Центрите за социјална работа каде што се спроведува законската годишна обнова за корисниците на правото на социјална парична помош”, упати апел министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими.
Тој потсети дека потребната документација за материјалната и бројната состојба на домаќинството за корисниците на правото на социјална парична помош за законската годишна обнова, се прибавува по службена должност по електронски и писмен пат.
„Стручните работници од корисниците потребно е да побараат единствено само на увид важечка лична карта за себе и останатите полнолетни членови во домаќинството и писмената согласност на подносителот/корисникот за користење на неговите лични податоци во постапката за остварување и користење на правото на социјална парична помош се дава на образец – Изјава, кој е пропишан и е составен дел на правилникот.
Ибрахими потсети и за тоа дека е во тек и обновата на детските права, односно: Посебен додаток за дете, Детски додаток и Родителски додаток за 3 и 4 дете.
„Обновата е започната на 1.1.2017 година и ќе трае до 31.3.2017 година. Носителите на правата лично или преку полномошник се должни да го пополнат барањето, изјавата за лични податоци, и во однос на одредено право да ги достават бараните документи кои не се обезбедуваат по службена должност”, рече Ибрахими.
Извор: Макфакс