Истекува рокот за потписи за независни кандидати за локалните избори | Правдико

Правдико

   

Истекува рокот за потписи за независни кандидати за локалните избори

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На полноќ завршува рокот за собирање потписи на независните кандидати за советници и за градоначалник за локалните избори 2017 година.

Потписи за советници и за градоначалници се собираат во повеќе општини. Официјално, за колку независни советнички листи и кандидати за градоначалници ќе се гласа на изборите закажани за 15 октомври ќе се знае кога општинските изборни комисии ќе ги потврдат листите по неопходните проверки. Според роковникот за спроведување на локалните избори 2017 на Државната изборна комисија (ДИК), поднесените листи од страна на независните кандидати и од политичките партии ОИК треба да ги потврди најдоцна до 14 септември.

До 9 септември на полноќ, пак, трае и јавниот увид во Избирачкиот список. Граѓаните увид може да направат во подрачните одделенија и канцелариите на ДИК и електронски преку апликацијата на веб-страницата на Комисијата www.sec.mk.

Минатата недела членовите на ДИК оценија дека се зголемува бројот на граѓани кои вршат увид во своите податоци во Избирачкиот список.

Локалните избори се закажани за 15 октомври. Ќе се избираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.

Извор:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико