Истополови бракови во Алабама ?
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Здружението што ги претставува оставинските судии во Алабама изјавува дека од денеска можно е некои судии да издаваат дозволи за брак на двојките од ист пол, иако се советува да не го прават тоа.
Американскиот окружен судија Кели Гранде пресуди за еден пар од ист пол да добие дозвола за брак во петокот, изјавувајќи дека законските и уставните забрани за истополови бракови во Алабама се спротивни со Уставот на САД.
Судијата Грег Норис, претседател на здружението на судии на Алабама, во неделата рече дека тоа ќе зависи од секој судија да одлучи дали ќе издаде дозволи за брак на двојките од ист пол од понеделник (денес).
Норис рече дека здружението ги советувало 68-те оставински судии во Алабама да не издаваат дозволи, повикувајќи се на мислењето на адвокатите дека одлуката од петокот се однесува само на еден случај за еден пар од истиот пол.
Адвокатот на здружението, Ал Агрикола, изјави дека не се знае дали судиите во Алабама, всушност, ќе издаваат дозволи почнувајќи од понеделник.