Историја на локалната самоуправа во Република Македонија | Правдико

Правдико

   

Историја на локалната самоуправа во Република Македонија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

regions_macedoine_mkМакедонија има долга традиција на локална самоуправа која датира од пред повеќе од 60 години, а со уставен статус се здоби во 1946. Веќе во тоа време општините имаа широк опсег на надлежности и независен извор на приход, како и систем на директно учество на граѓаните во активностите на општинските комитети. Во текот на 1950-тите и 60-тите се спроведени многу промени, вклучувајќи воведување на локални референдуми, територијални реформи, подобрувања во испораката на услуги и овозможување месните единици да извршуваат согласно општинските статути.

Во текот на 1970-тите и 80-тите општините во Македонија беа големи и имаа широки ингеренции, вклучително и во областа на економијата и цивилната заштита. Во извесен период функционираше двостепен систем со општини и окрузи. Сепак, големите општини честопати се чинеа оддалечени од потребите на граѓаните и во исто време се прошируваше јазот помеѓу развиените и помалку развиените општини. Според тоа, овој наследен модел на локална самоуправа  се покажа како несоодветен и рестриктивен во смисла на развојот. Истражувањето покажа дека додека една третина од општините беа развиени, исто толку беа недоволно развиени.

Постепеното отстапување од југословенскиот модел на самоуправување и распадот на Југославија создадоа потреба за поинаков пристап. Независноста создаде потреба за консолидирање на моќта во централната држава. Според тоа, транзиционите реформи на системот на локална самоуправа во Македонија беа иницирани откако земјата се стекна со независност со усвојувањето на Уставот во 1991. Иако со него се гарантираше правото на локална самоуправа како уставна основа и автономијата на општините, моќта на општините во исто време беше редуцирана со централизирани надлежности.

Периодот на транзиција од 1991-1999 опфати неколку иницијативи за измена на системот на локална самоуправа, што резултираше со првиот Закон за локална самоуправа (1995), Законот за територијална поделба и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа (1996), со кој бројот на општините се зголеми од 34 на 123, Законот за град Скопје (1996) и ратификација на Европската повелба за локална самоуправа (1997).

Понатаму, во текот на 1990-тите беа направени значителни измени во изборниот систем, кадешто моделот на индиректни избори беше заменет со систем на директни избори и организационата структура на општините беше променета со воведувањето на  систем градоначалник-совет, при што градоначалниците, како и советите се избираат директно од гласачите. Во исто време, локалните надлежности и посебно изворите на финансирање беа значително намалени.

Доцните 1990-ти сведочат за почетоците на реформскиот процес кон поголема автономија на локалната самоуправа. Кон крајот на  1998 беше формирано Министерството за локална самоуправа, а во 1999 беше усвоена стратегија за децентрализација.

Препорачуваме

Партнери на Правдико