Обама во историска посета на Куба | Правдико

Правдико

   

Обама во историска посета на Куба

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Американскиот претседател Барак Обама пристигна вечерва во историска посета на Куба за да ги зајакне врските меѓу двете земји, по половина век замрзнати односи.

Авионот на претседателот и неговото семејство слета на аеродромот во Хавана.Обама прво треба да го посети персоналот на новата американска амбасада во Хавана, по што придружуван од неговата сопруга Мишел и ќерките ќе направи прошетка низ стариот дел на Хавана.

Неколку часа пред пристигнувањето на Обама, неколку десетици членови на кубанското дисидентско движење “Дами во бело” се уапсени пред прошетката на претседателот низ градот.

Ова е прва посета на еден американски претседател Хавана во речиси 90 години.

Партнери на Правдико