Истрага: Лубиц единствен виновник за падот на авионот на Germanwings
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Германските обвинители ја завршија истрагата за падот на авионот на Germanwings во француските Алпи во 2015 година, при што било констатирано дека никој, освен копилотот Андреас Лубиц, не бил вклучен во намерното предизвикување на несреќата, пренесува AP.
Обвинителот Кристоф Кумпа од Дизелдорф соопшти дека истрагата е завршена и дека нема индикации дека уште некој освен копилотот бил вклучен во уривањето на леталото.
Лубиц на 25 март 2015 година, кога капетанот на авионот бил надвор од кокпитот, се заклучил и намерно го наместил курсот на авионот да удри во планинските врвови.
Сите 150 луѓе на летот, вклучително и Лубиц, загинале.
Лубиц пател од депресија неколку месеци пред несреќата, но болеста ја сокривал од работодавците.
Француските власти спроведуваат сопствена истрага за несреќата.
Извор: Макфакс