Правдико

   

Истрага против 27-годишно момче кое ограбило обложувалница

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за разбојништво во спортска обложувалница.

На 20 септември осомничениот влегол во спортска обложувалница на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје и со нож во раката се заканил на вработениот, барајќи од него да му ги даде парите. Оштетениот, исплашен за својот живот, се упатил кон касата и ја отворил, па на осомничениот му предал парични средства во износ од 15.000 денари. Откако ги одзел парите, осомничениот побегнал.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, ценејќи дека се исполнети условите наведени во законот. Осомничениот 27-годишник е повеќекратен повратник на истородно кривично дело, а казната по претходната осуда ја издржал во август. Освен ова, тој непосредно по настанот бил во бегство и по него била распишана централна потерница, што укажува на опасноста тој повторно да се даде во бегство. Јавниот обвинител ценеше дека постојат и особени околности кои укажуваат дека осомничениот би можел да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и дека би можел да го повтори делото, се наведува во соопштението.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико