Истрага за дилер на марихуана од тетовско Слатино | Правдико

Правдико

   

Истрага за дилер на марихуана од тетовско Слатино

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Тетовското јавно обвинителство поведе истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

На 6 февруари, во семејниот дом во тетовското село Слатино, осомничениот држел 74,37 грама  марихуана, спакувана во повеќе помали пакувања, скриени на различни локации во неговата соба.

По предлог на јавен обвинител за 31-годишниот осомничен, определена е мерка притвор во траење од 30 дена.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико