Истрагата за крвавиот четврток не запира со обвинението – се сослушуваат дополнителни сведоци | Правдико

Правдико

   

Истрагата за крвавиот четврток не запира со обвинението – се сослушуваат дополнителни сведоци

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција продолжува со истражните дејствија за целосно расветлување на настаните од крвавиот четврток, потврдуваат од Обвинителството за „Макфакс“. Според наши сознанија, во Обвинителството изминатите недели биле сослушувани дополнителни сведоци, кои не е познато дали во оваа фаза се осомничени. Оттаму велат дека во овој момент нема проширување на обвинението и нови осомничени лица. Обвинителниот акт за крвавиот четврток сè уште не е одобрен од кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1.

Со обвинението опфатени се 30 лица од вкупно 35 осомничени. Од нив 28 се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а две се обвинети за помагање при вршење на ова кривично дело. Тогаш обвинителството објави дека за четири лица постапката е прекината со оглед на тоа што не се достапни за органите на прогонот, но по нивно пронаоѓање постапката ќе продолжи. Исто така, за пратеничката Жаклина Пешевска постапката е запрена бидејќи немало докази дека сторила кривично дело.

Како што претходно објави „Макфакс“ од кривична одговорност за крвавиот четврток засега куртули синот на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, Јордан Мијалков, кој беше фотографиран критичната вечер на 27 април во Собранието. Кривично засега нема да одговара ниту синот на Амди Бајрам, Аднан Мемед, кој беше фотографиран како стои пред полицајците. Од обвинение за 27 април куртулија и Предраг Петрушевски-Бинго, Митко Михајловски- Џачката, Андреј Илиев, кои исто така беа фотографирани во Собранието.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико