Правдико

   

Истрагата за мостот „Око“ ја презема Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Наредба за спроведување истражна постапка против три лица донесе надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по добивање на предметот од Основното јавно обвинителство – Скопје. За трите лица постои сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Управата за финансиска полиција пред четири месеци поднесе кривична пријава против три лица, меѓу кои и ексградоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, во врска со изградбата на мостот.

Осомничените, во периодот од 2009 до 2012 година, при спроведување постапка за јавни набавки, со неизвршување на својата службена должност овозможиле изведувачот на проектот за изградба на пешачкиот мост „Око“ на реката Вардар да стекне имотна корист во износ од 26.653.424 денари.

По склучување на договорот во висина од 92.546.647 денари за јавна набавка на работи, Општина Центар како инвеститор, од една страна, и изведувачот на градежните работи, од друга, склучен е и анекс на договорот за јавна набавка, со што вредноста на договорот се зголемила на износ од 119.197.783 денари.

„Првоосомичениот како извршен орган на Општината и потписник на договорот за јавни набавки и анекс-договорот за јавна набавка, второосомничениот како потписник на барањата за исплата, кој имал обврска да ја проверува документацијата и со тоа да го следи степенот на реализација на проектот, и третоосомничениот како овластено одговорно лице за следење на текот на изведбата на проектот во согласност со договорот, не ги запазиле законските одредби од Законот за јавните набавки. Осомничените во согласност со своите надлежности не презеле активности за активирање и наплата на банкарските гаранции депонирани во деловните банки од страна на изведувачот, ниту побарале продолжување на рокот на важност на гаранциите во износ од 8.773.714 денари за дадените аванси“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство на Република Македонија.

Оттаму додаваат дека првоосомничениот во согласност со склучениот анекс-договор, иако бил обврзан, не го продолжил рокот на важност на банкарската гаранција за навремено и квалитетно извршување на работите во износ од 17.879.710 денари, која, по раскинувањето на договорот, требало да ја активира и наплати во корист на Општина Центар.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико