Правдико

   

Истражна комисија во унгарскиот парламент ќе ја разгледува вмешаноста на Унгарија во бегството на Груевски

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На веб-страницата од парламентот на Унгарија е објавен предлогот на неколку членови на опозициските партии за формирање истражна комисија која треба да покаже вмешаност на Унгарија во бегството на експремиерот Никола Груевски, кој е осуден на двегодишна затворска казна во Македонија.

Предлогот е поднесен од пратениците Адам Миркочки, Петар Унгар, Тамас Малер и 10 други. Тие не прифаќаат Груевски да биде заштитен во нивната земја бидејќи, според нив, не ги исполнува условите, а истовремено се противат оти тој е осуден на издржување затворска казна во Македонија.

Седумдесет и девет отсто од граѓаните во Унгарија би го отфрлиле барањето за азил на Никола Груевски, покажува брзото истражување на „24.ху“, кое е правено од објавувањето на веста дека експремиерот бара азил во Унгарија.

Според „24.ху“, истражувањето покажало дека мнозинството Унгарци се згрозени, лути и разочарани поради фактот дека Груевски добил статус на бегалец од унгарските власти.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико