Правдико

   

Истражување – Внимавајте какви лозинки користите на интернет

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Корисниците на своите интернет профили најчесто користат лозинки од низа броеви како 123456, што воедно и најлесно се открива, предупреди британскиот Национален центар за сајбер безбедност.

Дури и кога станува збор за профил на електронска пошта која не се користи или не е важна може да им биде важна на хакерите. Благодарение на информациите од мејлот хакерите можат да ги откријат лозинките од другите профили и да ги злоупотребат, стои во најновото истражување на Британскиот центар. Целта на истражувањето е подигање на свеста и едукација на корисниците за што подобро да ги заштитат личните податоци, објави Би-Би-Си.

Истражувачите ги анализирале сите компромитирани профили за да утврдат кои зборови, фрази и низи најчесто се појавуваат во лозинките. На врвот на листата е низата 123456, пронајдена во 23 милиони лозинки. На второто место е низата 123456789, која воопшто не е тешка за дешифрирање. Меѓу првите пет се и „qwerty“, „password“ и 111111.

Британците многу често како лозинки ги користат имињата на нивните омилени фудбалски клубови, на така на листата се најдоа Ливерпул и Челзи.

Експертотза сајбер безбедност, Трој Хант, напоменува дека изборот на добра лозинка е најголемата заштита што можеме себеси да ја обезбедиме.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико