Истражување: Во Македонија германската плата вреди двојно повеќе | Правдико

Правдико

   

Истражување: Во Македонија германската плата вреди двојно повеќе

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Македонија и другите земји долж балканската магистрала (Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора) се најевтини за живот и во нив германски државјанин за истите пари, кои во својата земја ги троши за основни работи, може да добие двојно повеќе. Ова го покажува обемното истражување на Институтот за економски и општествени науки од Диселдорф, кој ги анализирал статиските на Европскиот завод за статистика „Евростат“, националните заводи за статистика за да ги спореди трошоците за живот во 37 европски земји, САД и Јапонија, пренесува „Дојче веле“.

evra2

Целта на истражувањето била да одговори на прашањата на германските граѓани како што се: Колку моите пари вредат во странство? Каде се најевтини подароците за празници? Во која земја можат да одат на одмор за најмалку пари?

Кога станува збор за трошиците за живот – кирија, сметки, храна, облека, трошоци за автомобил, образование, забава, според истражувањето, германската плата најмалку вреди во Швајцарија, а нејзината вредност е двојно поголема во Македонија, Србија…

Според методологијата, ако на германското евро му се даде индекс 100, тогаш Швајцарија има индекс 158,5, што значи дека оваа земја е за 58,5 отсто поскапа во однос на Германија. Покрај Швајцарија меѓу најскапите се Исланд (со индекс 147,8), Норвешка (141,8), Данска (136,7), Ирска (121,4), Финска (119,7), Луксембург (119,2) и тн.

Македонија спаѓа меѓу најевтините земји, каде германската заработувачка има вредност повеќе од половина од својата вредност. Македонското „евро“, според Диселдорфскиот институт има индекс 45,3, односно Македонија е за 54,7 отсто поевтина земја од Германија. Србија има индекс 48,5, Словенија – 79,9, Хрватска – 65,6, Црна Гора – 55,4, Босна и Херцеговина – 50, Албанија – 48,2 и Бугарија 46,1.

Во истражувањето нема податоци за можеби најсиромашните земји во Европа – Косово и Молдавија.

Нордијските земји и Швајцарија, се најскапи и кога станува збор за цените во хотелите и рестораните, додека од балканските земји, овие услуги се најевтини во Македонија и Албанија, кои имаат идентичен индекс – 41,8.

Според достапните податоци, што ги пренесува „Дојче веле“, просечната заработувачка на вработен во Германија, кој работи со полно работно време е околу 2.200 евра, со одбиени даноци, здравствено и социјално осигурување.

Во Македонија просечната месечна нето плата, според последните пресметките на Дражавниот завод за статистика за октомври е 22.460 денари, односно 365 евра.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико