Правдико

   

Истражување за ставовите на вработените граѓани за неетичко однесување во фирмите и институциите

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_3

Агенција Рејтинг, за потребите на организацијата Transparency International Macedonia, спроведе истражување на јавното мислење чија основна цел беше да се утврди ставовите на вработените граѓаните за неетичкото, неморалното и незаконско однесување во фирмите и институциите во Република Македонија. Истражувањето се спроведе преку методот телефонска анкета на репрезентативен примерок од 400 вработени граѓани од сите 10 општини во регионот на Скопје и по 2 најголеми општини во другите 7 региони во Република Македонија.

Со цел да се утврди подготвеноста на граѓаните да пријавуваат неетичко и незаконито однесување во организациите каде што работат, во рамките на оваа анкета, на испитаниците најпрво им беше поставено прашањето: „Дали би пријавиле случај на неетичко,незаконско постапување?“. Како што може да се забележи и на самиот графикон подолу, 70,5% од испитаниците би пријавиле таков случај, додека пак 26,6% одговориле дека не би пријавиле.

И покрај релативно високиот процент на испитаници кои се подготвени да пријават случај на незаконито и неетичко однесување во работните организации, не смее да се потцени податокот дека секој четврти вработен во оваа држава не би пријавил таков случај. Споредувајќи ги резултатите според секторот во кој работат, можеме да забележиме извесни разлики во одговорите. Така, дури 32% од вработените во државниот сектор одговорија дека не би пријавиле случај на неетичко и незаконито однесување во нивните институции, додека пак кај вработените во приватните фирми овој процент изнесува 23%.

Screenshot_1

 

Понатаму, на испитаниците им го поставивме прашањето: „ Дали би пријавиле прекршок или кривично дело поврзано со незаконито постапување во фирмата/институцијата во која работите?“ Како што може да се забележи и од самиот графикон, кога е во прашање прекршување на конкретните закони а не морално – етичките кодекси на однесување во работните организации, постои нешто повисок степен на подготвеност меѓу вработените да ги пријавуваат ваквите случаи.

Screenshot_2

 

Целосниот текст на истражувањето можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико