Правдико

   

Италија бара од Албанија да го запре шверцот со дрога

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Италија побара од албанските власти да превземаат мерки да се сопре големата трговија со дрога кон Италија.

Директорот на италијанската Анти- мафија Франко Роберти по средбата со албанскиот јавен обвинител Адриатик Лала ја изнесе загриженоста на Италија за сè поголемите количини на дрога од Албанија кои се внесуваат во Италија.

„Во Албанија тројно е зголемено производството на дрога, кое потоа се шверцува и во Италија“, рече Роберти.

Тој побара продлабочување на соработката на властите на Италија и Албанија за спречување на трговијата со дрога. Исто така, Роберти информираше дека со албанскиот јавен обвинител се договориле за зајакнување на мерките во борбата против нелегалната трговија со дрога .

Од почетокот на оваа година над 25 тони дрога по потекло од Албанија се запленети од страна на италијанската полциција на италијанското крајбрежје. Последната запленета количина на марихуана беше деновиве кога беа запленети 10 тони дрога.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико