Италија им дозволи граѓански брак на хомосексуалците | Правдико

Правдико

   

Италија им дозволи граѓански брак на хомосексуалците

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Gay-Marriage-Should-Not-Be-a-Federal-Issue1Парламентот во Рим денеска даде согласност за воведување хомосексуален граѓански брак во Италија, што е последната голема земја во ЕУ која законски не ја признаваше истополовата заедница

Пратениците на Долниот дом со големо мнозинство го прифатија владиниот предлог-закон, по што неговото усвојување во текот на денов ќе биде само автоматско.

Долго очекуваниот и многу оспоруваниот закон е поздравен како пресвртница во граѓанските права, но се соочил и со критики бидејќи не биле целосно изедначени хетеросексуалните и хомосексуалните двојки, особено кога станува збор за посвојување на деца.

Италијанскиот премиер Матео Ренци го закажа гласањето на предлог-законот со цел да избегне евентуална блокада или одложување на амандманите од страна на противниците, меѓу кои се и некои пратеници од неговата партија, како и католичката десница.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико