Италија: Уапсени 48 осомничени членови на мафијата | Правдико

Правдико

   

Италија: Уапсени 48 осомничени членови на мафијата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mob-arrestsИталијанската полиција уапси 48 осомничени членови на мафија “Ндрангета” кои нелегално продавале цвеќиња на Холандскиот пазар, вршеле шверц на чоколадото “Линд” како и дрога и оружје.

Седиштето на бандата се наоѓало во јужниот дел на Италија, поточно во Калабрија, соопшти на прес-конференција заменик-обвинителот Микеле Престипино пренесува АФП.

Полиција апсењето го изврши во соработка со холандската полиција. Истрагата откри дека бандата шверцувала 250 тони чоколадо “Линд”, во вредност од над седум милиони евра, кое беше украдено во Италија, на крајот од минатата година и се продаваше во Италија, Полска, Австрија и Швајцарија.

Според италијанските власти ” Ндрангета “е најактивна, најбогата и најмоќна мафијашка група во Европа.

Препорачуваме

Партнери на Правдико