Италија заплени половина тон дрога пристигната од Албанија | Правдико

Правдико

   

Италија заплени половина тон дрога пристигната од Албанија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Италијанската полиција Гуардија ди Финанса на крајбражјето на Италија заплени половина тон дрога од типот канабис сативас, која била превезена со моторни чамци и притоа уапсени се двајца албански државјани.

Според албанските медиуми, дрогата својот пат кон Италија го почнала од Валона во јужна Албанија и при добивањето на информацијата, албанската полиција ги информирала италијанската полиција, како и европската полиција Фронтекс, со седиште во Албанија, така што двата моторни чамци биле следени за време на нивното пловење во Јадранското Море.

Албанското МВР информираше дека во Валона се уапсени уште тројца други албански државјани вмешани во трговијата со дрога.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико