Италијанската полиција лани запленила 41,6 тони албанска марихуана | Правдико

Правдико

   

Италијанската полиција лани запленила 41,6 тони албанска марихуана

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Италијанската централна управа за спречување на недозволената трговија со дрога во објавениот извештај за минатата година, наведува дека е забележан рапиден раст на шверц на наркотици меѓу Албанија и Италија.

– Во текот на 2016 година запленети се 41,6 тони мархуана што е за 347,15 отсто повеќе споредено со претходната 2015 година. Лани е зголемена соработката на организираните албански и италијански криминалн групи, кои ја користат посебната географска позиција на регионот, стои во извештајот.

Како што се наведува во документот, овој регион е центар на главните патишта на Медитеранот, посебно на Балканот, каде во последно време се шверцува марихуана од Албанија.

Исто така се констатира дека Италија е меѓу најголемите потрошувачи на марихуaна во Европа, веднаш зад Франција, каде овој наркотик го користат 19 отсто млади на возраст од 19 до 34 години.

Најголемиот дел од огромното количество на запленета марихуaна во текот на 2016 година, од Албанија бил транспортиран со моторни чамци кои тргнувале од регионот на Валона или со возила со траекти кои испловуваат од Драч.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико