Италијанските адвокати се најплатените во Европа | Правдико

Правдико

   

Италијанските адвокати се најплатените во Европа

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Доколку сметате дека поскапото е поквалитетно, тогаш земете ги предвид Италијанците следниот пат кога ќе Ви биде потребен адвокат. Според едно истражување, најплатените адвокати се токму оние италијанските.

italy_2651976b

Најдобрите адвокати во Италија се воедно и најплатените во цела Европа, пренесува „Блумберг“. Тие заработуваат дури 1,3 милиони евра годишно. Зад нив се адвокатите од Германија, Шпанија и Велика Британија.

Едно истражувањето спроведено на 47 адвокатски фирми од 15 различни земји открива дека профитот на италијанските адвокати е зголемен поради корпоративните, банкарските и пазарот на долгорочни кредити, како и зголемениот број на платени соработници по клиент.

Покрај италијанските, одлично платени се и германските адвокати. Според истражувањето, тие заработуваат приближно 1.05 милиони евра годишно. Шпанските адвокати заработуваат 1 милион евра годишно, додека британските приближно 819.000 евра за истиот период.

Додека некои италијански адвокати се милионери, други може да заработуваат многу помалку. Истражувањето открива дека постои голема празнина помеѓу адвокатите кои заработуваат повеќе и оние со помало искуство. Имено, во Италија, искусните адвокати заработуваат просечно десетпати повеќе од оние со помалку искуство. Во Англија, разликата во заработката е помала. Подобро платените адвокати заработуваат 2.5 пати повеќе од оние кои се платени помалку.

Автор:  Драгана Петрушевска

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико