Итен состанок на Советот за безбедност на ОН за кризата во Украина | Правдико

Правдико

   

Итен состанок на Советот за безбедност на ОН за кризата во Украина

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sovet-za-bezbednost-OONСоветот за безбедност на ОН одржа итен состанок поради растечката криза во источна Украина. Состанокот беше одржан на барање од Русија, а доаѓа откако украинскиот привремен претседател Олександр Турчинов им даде на про-руските сепаратисти рок до денеска во 8 часот да го положат оружјето и да ги напуштат владините згради што ги окупираа во неколку источни градови, или ќе се соочат со широка антитерористичка операција, во која би била вклучена и армијата.

Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин изјави дека бил возбуден поради оваа најава од Украина. Тој додаде дека Киев треба да ја запре употребата на сила против источноукраинскиот народ и да почне вистински дијалог.

Меѓутоа, американската амбасадорка Саманта Пауер рече дека нестабилноста во Украина е „целосно вештачка“, и оти е „напишана и кореографирана во и од Русија“. Јуриј Сергеев, украинскиот амбасадор во ОН, исто така истакна дека кризата е креирана од Русија и ја повика Москва веднаш да ги запре акциите чија цел е поткопување на украинскиот територијален интегритет.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико