Итни реформски приоритети – евроатланските интеграции во три фази | Правдико

Правдико

   

Итни реформски приоритети – евроатланските интеграции во три фази

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата го презентираше „Планот 369“ за итни реформски приоритети. Планот е составен од три дела и тоа: во првиот пакет реформи за три месеци до локалните избори Владата најавува обезбедување аргументи за отстранување на условената препорака.

Со вториот пакет мерки за шест месеци до одржувањето на Советот на ЕУ во декември, треба да се постигнат сериозни резултати со цел Македонија да се престави како земја кандидат за членка на Европската унија. И третиот пакет реформи треба да се случат за девет месеци, односно до објавувањето на следниот редовен извештај на Европската комисија за Македонија, за конечно земјава да започне предпристапни преговори за членство во ЕУ.

Како што информираа на прес-конференцијата во Владата, премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во планот се вклучени препораките на ОБСЕ/ОДИХР, Венецијанската комисија, земен е предвид и политичкиот договор од Пржино, препораките на Прибе, како и препораките од годишните извештаи на Европската комисија.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико