Итните реформи од извештајот на Прибе на собраниски комисии
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Шест собраниски комисии денеска и утре ќе ја разгледуваат листата на итни реформски приоритети и препораките од извештајот на експертската група ангажирана од европската комисија, а предводена од поранешниот директор во комисијата Рејнхард Прибе.
На дневен ред се системските прашања за владеење на правото кои се однесуваат на следењето на комуникациите, во делот независни, регулаторни, контролни и надзорни тела.
Во овој дел се посочуваат неколку потточки меѓу кои – да се осигури задоволителна автономија на независните регулаторни, контролни и надзорни тела, не само теоретски туку и во пракса, со цел тие да делуваат ефективно и без политички притисок.
Ова бара не само проактивни напори од самите тела, но и политичка волја на сите други чинители да им дозволат да ги извршуваат нивните функции како што е предвидено со закон, вклучително и преку доделување на доволно финансиски средства. да се осигури дека членството во независни регулаторни тела се заснова на професионални способности.
Во препораките, меѓу другото, се наведува и дека „основните стандарди на демократско владеење мора да се исполнат“.
Извор: 24Вести