Иванов чека официјално известување од Собранието, за да почне консултации | Правдико

Правдико

   

Иванов чека официјално известување од Собранието, за да почне консултации

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По добивање на официјално известување од страна на Собранието на Република Македонија, дали мандаторот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада на Република Македонија, претседателот Ѓорге Иванов ќе почне консултации со надлежните институции и политичките партии, велат од кабинетот на претседателот Иванов.

„Со оглед на истекот на утврдениот рок во членот 90 од Уставот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија е должно да го извести Претседателот на Република Македонија, дали мандаторот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада“, соопштуваат од кабинетот на Претседателот.

Инаку, до недела спроти понеделник на полноќ, истече рокот на мандатарот Никола Груевски за формирање влада, кој не успеа да се договори со стариот коалиционен партнер, ДУИ за формирање нова влада.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико