Иванов: ЕУ не функционира затоа што не може да носи одлуки | Правдико

Правдико

   

Иванов: ЕУ не функционира затоа што не може да носи одлуки

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

„Во услови на криза, Европската унија не функционира затоа што не може да носи одлуки. Во криза, кога не можете да носите одлуки, тогаш кризата се зголемува и се предизвикуваат многу штети“, изјави претседателот Ѓорге Иванов на 25. Европски форум во Круница Здруј, Полска, на сесијата на тема „Кон флексибилна Европа: Стратегии за иднината“.

ivanov

– Ние, како и другите земји на Балканот, ја сакаме Европа, не во овој момент да стигнеме до неа, туку да патуваме кон неа. Поважен ни е патот кон неа, отколку самото членство во неа, затоа што сите европски стандарди и принципи се усвојуваат кога почнуваат преговорите. Поглавје по поглавје, како земја, се европеизирате. Тоа ни треба на сите балкански земји, да се европеизираме, да имаме европски стандарди, критериуми и принципи – истакна Иванов.

Извор: Мета.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико